Откако во јавност излезе сумата од 100.000 евра, хонорар што треба да го добие Дино Мерлин за настап на новогодишната ноќ во Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук напиша:
“Почитувани непочитувачи…гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски). А колку чини среќата на Скопјани? Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени. Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот. Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил со постирани фотографии од зимскиот Винтерленд и новогодишната елка на скопскиот плоштад. .