Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Масното ткиво, маснотиите што се чуваат во телото, има две главни функцииː
– го складира вишокот на калории за да може да се користат кога сме гладни
– ослободува хормони кои го регулираат метаболизмот.
Масното ткиво не е по правило “лошо”. Телото има потреба од одредена количина на масно ткиво за метаболизмот, за одржување на секојдневните основни функции, за да остане топло, за депонирање на витамини, регулација на хормони…
Витамините растворливи во вода К, А, Д и Е се складираат во црниот дроб и масното ткиво кога се внесуваат повеќе отколу што има потреба.
Естрогенот е активен во клетките на масното ткиво, црниот дроб, клетките на кожата и други органи. Поткожното масно ткиво исто така продуцира и чува естроген. Ова е дел од причината зошто кај лица со многу ниско ниво на масно ткиво може да престане менструацијата.
Има неколку типови на масно ткиво кои имаат различна улога. Висцерално масно ткиво е длабоко е под мускулите на стомакот и тоа е едно од штетните масни ткива. Предизвикано е од исхрана богата со сатурирани, транс масти, рафинирани шеќери и алкохол. Оваа маст ги обвива внатрешните органи и предизвикува “метаболен хаос” преку ослободување на штетни проинфламаторни цитокини.
Висцералните масти го зголемуваат ризикот од канцер, деменција, метаболен синдром (влијаат и на продукцијата на инсулин, играат улога во инсулинската резистенција), калцификација на коронарните артерии, срцев имозочен удар. Колку помалку ги има толку подобро. Масното ткиво на стомакот ослободува хормон лептин кој е важен за регулација на апетитот, за учењето и меморијата.
Поткожните масти се меките масти директно под кожата, надвор од абдоминалниот зид, помалку се штетни. Оваа маст е видлива на телото. Вообичаен се јавува околу половината, колковите, бутовите. Белата маст сочинува најголем дел во телото, може да биде и поткожно и висцерално, зависно од тоа каде е сместена. Масното бело стомаче е надвор од абдоминалната мускулатура и е поткожна маст. Белата маст складира енергија и витмини.
Продуцира хормони кои се секретираат во крвта. Секретира адипонектин, хормон кој прави црниот дроб и мускулите да се сензитивни на инсулинот и ја контролира глукозата во крвта. Кога луѓето се дебелеат продукцијата на адипонектин се успорува.
Кафеавата маст вообичаено е поткожно сместена, на подрачјето на вратот, рамената, лопатките на грбот, над клучната коска и долж рбетниот столб. Може да ги обвитка бубрезите и технички да биде висцерална маст. Пигментацијата е од бројните митохондри богати со железо. Сочинува многу малку од вкупните масти кај возрасни, а кај бебињата ја има многу. Клетките на кафената маст согоруваат енергија и генерираат топлина. Кога се активира кафената маст ја согорува белата маст.
Длабоки масти е термин за висцералнати масти кои се сместени длабоко во абдоминалната празнина. Нема универзален стандард колку масти треба да има едно лице, зависи од повеќе фактори.
Вишокот масно ткиво носи ризик од здравствени проблеми како sleep apnea, остеоартритис, висок крвен притисок, метаболен синдром.