По одлуката да и биде одземен синот, хрватската пејачка Северина вчера се жалеше до Основниот суд во Загреб.
Адвокатите за Јутарњи лист потврдиле дека ја предале жалбата, а веќе претходно поднеле барање таткото на седум и пол годишниот Александар, бизнисменот Милан Поповиќ да не смее да го носи надвор од Хрватска.
Во вчерашната жалба до судот адвокатите на Северина посочиле дека судот самоостојно одлучил со кого ќе живее малиот Александар, а притоа не зел в предвид дека детето имало право да знае во кој град ќе живее и каде ќе му биде домот, Можеби еден од најсилните аргументи на Северина во борбата за враќање на синот е Конвенцијата на Обиденетите нации за правата на децата, според која малиот Александар требало да го прашаат за негово мислење.
Инаку, Северина пред десетина дена, по седумгодишна борба го изгуби старателството над синот Александар, а судот во Хрватска одлучи дека детето треба да биде со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓутоа, ова е привремена одлука на судот, а Северина ја започна борбата да го врати својот син.