Почина Јана Арсовска од Охрид, девојката која боледуваше премногу редок тип на канцер и по двете трансплантации на коскена срцевина, ѝ беше предложено итно лекување со имунотерапија, објавуваат нејзините блиски на социјалните мрежи.
Јана (33) веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување
Инаку, вечерва во „Арената A1“ во Скопје, требаше да се одржи хуманитарен концерт на Бона и Мили од соседна Србија, а дел од собраните средства требаше да се донираат за лекување на Арсовска. До сега се организираше и хуманитарен концерт за Јана во Охрид, а беа отворени и донациски сметки, затоа што препорачаната терапија беше многу скапа.