Марија.Б и нејзиното момче се приведени под сомнение дека ја ограбиле познатата актерка Горица Поповиќ. Тие од станот на глумицата украле 12.000 франци, 6.500 долари, 10.500 евра, злато, накит и дел од наградите што ги добила Горица меѓу кои и прстенот „Јоаким Вујиќ“ .
Како што пишуваат српските медиуми, кога глумицата и нејзиниот сопруг Ненад се вратиле во станот забележале дека недостасува дел од накитот како и пари. Веднаш се посомневале на куќната помошничка, иако во прв момент не можеле да веруваат дека таа има врска со грабежот. И звонеле на Марија на мобилниот, но таа не била достапна, па пријавиле во полиција.
Според оставените траги било откриено дека се работи за девојката која им помагала во куќата. Веднаш реагирала полицијата, па Марија била уапсена кај дечкото во Шабац со кого се спремале да пребегаат во Босна.