Легендарниот британски природонаучник и водител на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон.
Белами е роден во Лондон и, иако беше природонаучник, не беа ретки критиките кон неговото отфрлање на „теориите за глобалното затоплување“. Во младоста тој поминуваше многу време на отворено и во природа, и се интересираше за книжевни и научни дела за биологијата, животните и за природата воопшто. Белами има работено во фабрика, а и како водоинсталатер пред да ја запознае идната сопруга Розмари, со која има пет деца.
Студира, а подоцна и предава Ботаника на Универзитетот Дарам. Набрзо следат понуди за работа на телевизија и така почнува неговата ТВ кариера. Тој се прослави со известувањето за инцидент со излевање нафта во 1967 година, што беше вовед во неговата богата телевизиска кариера.
Во 1979 година Белами ја освојува наградата на „БАФТА“, „Ричард Димблби“.