Поранешниот српски репрезентативец, Милан Гуровиќ, за Курир.рс се отвори околу наводното насилство врз сопругата и ќерката поради кои ноќта ја минал во затвор и добил кривична пријава од полицијата.
„Прв сакам да кажам дека од поодамна сакам да се разведам, но сопругата не го сака тоа, па сака да ме намести за да завршам зад решетки. Не сака да ме напушти бидејќи јас сум Милан Гуровиќ и имам многу пари. Не сакам да се правдам, но сопругата е таа која ме нападна прва. Дојдоов дома од Нови Сад и таа почна да ме навредува. Беше хистерична, врескаше и ме плукаше, по што ја фатив за вилицата и ја оттурнав“, изјави Гуровиќ.
Неговата ќерка реагирала на нивната кавга и скокнала врз него.
“ Ќерка ми не ја допрев. Кога почна расправијата дојде и се вклучи. И реков само да не се меша. Сопругата тогаш повика Итна помош и викаше како да умира иако немаше ниту една модрица на неа“, дополни Гуровиќ.
Што се однесува до повредите на неговата сопруга тој изјави.
“ Пред неколку дена ставаше ботокс и лицето и е подуено од тоа а не од ќотек. Бев во полиција, останав до 6 наутро, се раскажав. Апсолутно никакво претепување немаше… Луѓе, дојдете да ми ги сликате рацете да видите дека немам никакви гребнатинки“.
фото. Курир.рс