Генералниот секретер на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во естрадниот магазин Бексјтеџ, каде зборуваше за својот приватен живот. Сo гледачите сподели дека како мал сакал да биде пилот, а тоа со сигурност ќе биде негова професија откако ќе заврши со политиката.
Јанушев е горд татко на два сина, Дамјан и Лука, а на прашањето дали ќе оди на трето дете, тој кажа:
“ Јас сум мајстор, направив два сина. На трето нема да одам, ако го прашаме Влатко Ѓорчев ќе треба и на четврто“.