Откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи шеруваше фото-вест дека за време на престојот на македонска делегација на носачот на авиони „Хари Труман“, на еден од авионите на американската ескадрила било „аплицирано и нашето знаме“, на Фејсбук се споделува „корекција“.
„Знамето е на Аризона (американска сојузна држава)“ пишува загрижен корисник на Фејсбук кој додава:
“Никако да им тргне со знамињата“.
Претходно Шекеринска напиша:
“Од вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман“. На авионот зад нас од ескадрилата на САД аплицирано и нашето знаме. Членството на НАТО на дело“.