Девизниот референт и благајник во „Орка холдинг“ Мирјана Бошковска во моментот сведочи на судењето за случајот „Рекет“.
-Во декември 2018 година во три наврати извадив пари од приватните сметки на Ана Камчева и од сметката на Ратка Камчева. Извадив 12 милиони денари, 5 милиони евра и нешто повеќе од 5 милони денари. Откако ги сменив во евра, со обезбедување ги однесов во домот на Камчев, рече благајничката, која додава дека во февруари извадила поголема сума на пари, 18 милиони денари.
Таа додаде дека 80% од банкнотите биле по 50 евра
.– Ги пребројавме парите, ги собравме на купчиња според апоените и направивме спецификација. Парите ги ставивме во торба и внатре ја ставивме спецификацијата. Околу 80 отсто беа банкноти од по 50 евра. Парите кај Камчеви беа донесени во две спортски торби и внатре имаше 710.000 евра – изјави сведокот Бошковска.
Во домот на Камчев не го видела Боки13, а парите ги однела во спортски торби.