Легендарниот кантавтор од Нови Сад и една од најголемите музички sвезди во поранешна Југославија, Ѓорѓе Балашевиќ им се обрати на фановите преку Фејсбук во 12-минутен видео клип.
Тој неодамна мораше да ги откаже концертите поради ненадејната хоспитализација. Медиумите објавија дека тој имал срцев удар и му биле вградени стентови.
“Добра вест е што не умрев. Лоша вест е дека ова не е скок во височина па да имам три обиди. Медиумите обично претеруваат, но овој па не е така. Бев во болница четири дена, немав операциј на отворено срце, малку ме дотераа. Тие лекарите секогаш нешто вадат, но овој пат прв пат ми ставија нешто, четири стентчиња. Не ме прашувајте дали сум во ред, затоа што никогаш повеќе нема да бидам добро, но се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде што сум заминал и дека нема да ја добијам улицата во Нови Сад„, се пошегува тој на своја сметка
🙂
Posted by Beba Balasevic on Monday, December 9, 2019