Полицијата уаспила десет лица утринава на повеќе локации во Ѓорче Петров, Арачиново, Грчец, Чаир, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар, а дел од уапсените се поврзани со неодамнешната престрелка во „Александар Палас“. Шестмина од нив се од Грчев, четворица од Арачиново.
-Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје.. – изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.
Таа додаде дека полициски акции имало на неколку места во Скопје и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров… а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.
Posted by MИА.mk on Saturday, December 7, 2019