ВАША ОРДИНАЦИЈА : Hifu неинвазивен нехирушки лифтинг идеално решение за подмладена  и ревитализирана кожа

by Тони Зографски

Др.Искра Петровска Шешова

Специјалист Дерматовенеролог

Дерматолошко естетска ординација Др.Искра

 

Во естетската медицина постојат најразлични третмани кои ни овозможуваат  да го забавиме процесот на стареење . Еден  од тие третмани е и најнова  најнапредна  технологија која користи фокусирана ултразвучна енергија (Hifu ) со висок интензитет и се користи во третман на опуштена кожа која ја има изгубено свежината и сјајот  каде се присутни видливи брчки.Самата технологија која се применува се споредува со хирушкиот лифтинг .Но тука се работи за неинвазивен третман каде  нема употреба на скалпел и анестезија и времето на опоравување е кратко. .Се работи за третман кој е клинички докажан и дава одлични резултати.

Механизмот на дејство на Hifu

При третманот со (Hifu ) се дејствува   на средниот длабок дел на дермисот . ( SMAC ) мускулен слој  која  го поврзува длабокиот дермис со мускулот кој е прилепен за коската. Самиот високо интензивен фокусиран зрак  дејствува таргетирачки. на    (SMAC ) зоната   на тој начин се стимулираат клетките да создавааат нов колаген и еластин на тој начин ја ревитализира , подмладува и ја лифтира  кожата .Идеален третман е за лица кој  не прифакаат инјективни третмани ,а дава одлични резултати.Инаку самиот третман слободно може да се комбинира и со другите естетски третмани на тој начин резултатите се уште подобри.

Зошто би се одлучиле за овој третман ?

Се работи за третман кој е неинвазивен  и безболен .. Епидермисот  површинскиот слој на кожата е заштитен  кој го прави поразличен од другите естетски третмани каде се употребуваат ласери ,радиофреквенција и други технологии .

Што се постигнува со помош на Хифу  третманот ?

-подобрување на текстурата и квалитетот на кожата

-затегнување, лифтирање и подигнување на веги

-бришење на брчки на врат и топење на подбрадок

Каде неможеме да го примениме третманот со  Хифу?

-трудници

-доилки

-пареза на фацијалниот нерв

-пациенти со епилепсија

-дијабетичари

-пациенти со малигни болести

Колку трае еден третман и на колку време треба да се повтори ?

Третманот со Хифу  доколку се врши на цело лице трае 1 -1,5 час. Доколку се третираат по  регии трае од 20 -30 мин. од регија .Третманот се повторува после 6 месеци.

Дали третманот е безбеден ?

Третманот е безбеден . Многу е важно да се изведува од страна на доктор кој што работи во областа на естетската дерматологија кој е посебно обучен за овој вид на третман . Третманот ако се изведува по соодветен протокол и принцип на работа дава одлични резултати.

 

 

 

 

останати вести