Полицијата уапсила наставничка (40) во специјално училиште во Флорида, за наводна сексуална врска со другар на нејзиниот син (15) и е обвинета за сексуално малтретирање на малолетник со која имала секс повеќе од сто пати. Сузан Ведл во понеделникот поднела оставка на своето работно место во училиштето за деца со специјални потреби.
Како дел од овој процес, одделот за специјални истраги ги испрашувал тинејџерот и родителите, па извлекле признание за сексуален однос со наставникот, што се повторувало цела година. Малолетникот признал дека повеќе од 100. пати имале секс.
Врската започнала по фудбалски натпревар на кој играл синот на Сузан заедно со сега оштетениот пријател. Госпоѓата Ведл тогаш била малку потпијанета, пишува во полицискиот извештај.
Иако малолетникот рекол дека во тоа време тој барал секс со Ведл а Сузан некое време одбивала, велејќи дека тоа е несоодветно, таа сепак е обвинета затоа што сексуалниот однос се повторувал
„Ведл била неговата прва и единствеан сексуална партнерка и малолетникот верувал дека е заљубен во неа“, тврди полицискиот инспектор. Се тврди дека тие имале секс и во неговиот и’ во нејзиниот дом, автомобил и на плажа. Наставничката дури му купувала и скапи подароци за сексуалните услуги.
Случајот бил пријавен во полиција од страна на училишниот советник кога до него пристигнале експлицитни пораки кои биле разменувани меѓу наставничката и малолетникот. Еден од учениците дури тврди дека видел голи фотографии на Сузан Ведл во телефонот.