АНА ГЛИГОРОВА НА ФЕЈСБУК: За сметка од 2005 година болна жена треба да плати 6.000 евра

by Тони Зографски

Активистката која долги години се бори против системот на организирано крадење на народот преку извршителите, Ана Глигорова, на својот Фејсбук профил објави статус преку кои со јавноста споделува информација за нов случај со извршител, овој пат за предмет за стари сметки дури петнаесетина години.

“Утринава ми се јави пријател да ме извести дека неговата сестра треба да плати околу 6000 евра за парно, сметки од 2003 – 2005. Замислете судската одлука се донела во 2015 година, после цели 12 години од создадениот долг. За неполн месец ќе започне 2020 година, значи 15 – 17 години од долгот. Да прашам- Како може криминалци судски едни, граѓанска парница за долг за парно да се матка 10 години? Основен 2, Апелација и толку? Тоа е најмногу една година. За тешки кривични дела трае пократко а не за смеки за парно. Што е?

Ви притребале пари? За пречек на Нова Година во Прага, Париз, за брендирана облека,.., па ја држите пресудата и извршната исправа во фиока, да созрее со камати (кои никој не ги контролира)? Сакате болна жене да убиете, за да одите на скап викенд, да се пијанчите со крвта човечка, канибали? #СтопЗаКРиминалнатаНаплата“, пишува Глигорова на својот Фејсбук профил.

останати вести