Против седум лица, сите од селото Баница, полицијата поднесе кривична пријава поради насилство.
Од МВР информираат дека станува збор за членови на две семејства, кои денеска на пазар во во Струмица учествувале во физичка пресметка, при што со повреди се здобиле тројца од нив.
„На 02.11.2019 година на пазар во Струмица пријавените учествувале во физичка пресметка на членови од две семејства, при што со повреди се здобиле лицата Г.В., К.Р. и В.Р. Тие и претходно, на 31.10.2019, во атар на село Раборци, учествувале во физичка пресметка помеѓу двете страни“, информираат од МВР.
Лицата се на возраст од 18 до 48 години.