Инцидeнт се случи на натпревар во ракомет,во кој играа шведските екипи на Беденс и Карлшхтат.
Имено, еден пијан возач успеа со својот автомобил да го пробие ѕидот во „Викинг“ салата во Марста. Првично како да се слушнало експлозија, тимовите веднаш во паника го напуштиле теренот, а се огласил и спикерот кој ги замолил сите присутни да ја напуштат салата.
– Потресен сум. Ѕидот падна, спикерот навистина брзо реагираше и сите ја напуштија салата. Никој од нас не смееше да му се приближи на автомобилот, бидејќи не знаевме за што станува збор – изјавил Магнус Ларсон, директорот на лигата.
Мечот беше одложен, а полицијата соопшти дека возачот е уапсен под сомнение дека возел под дејство на алкохол.
Här kraschar bilen in i idrottshallen – mitt under en handbollsmatch i Vikingahallen i Märstahttps://t.co/dBISxFSQOk pic.twitter.com/6A0J9NrHtQ
— Expressen (@Expressen) November 30, 2019