Откако се појави информација дека поранешниот премиер Никола Груевски наводно бил уапсен во Унгарија, со демант се јавија од Министерството за правда каде демантираа дека Груевски е уапсен, а демантираа и за информациите дека не се бара негова екстрадиција.
„Министерството за правда за жал демантира дека Груевски е уапсен. Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција.
На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.
Во прилог на ова е последниот допис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.
Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавнот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски“, велат од Министерството за правда.