Овен (21.03 – 20.04)
Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Прашајте ги повозрасните за совет.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некои работни обврски навистина ќе ви зададат проблеми. Во љубовта сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот.
Рак (22.06 – 22.07)
Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно – да бидете пријатно изненадени.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Во љубовта ситуацијата е солидна.
Девица (23.08 – 22.09)
Иако сте полни со енергија треба да имате во предвид дека не можете да остварите се што сте зацртале. Потребно е да научите да ги одделите приватниот и деловниот живот, со цел да не си направите проблеми.
Вага (23.09 – 22.10)
Вложувате големи напори, но околината нема доволно почит за вашите деловни интереси. Партнерот има одлични идеи и планови, вклучете се и вие во нив.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашата основна предност е во тоа што соработниците немаат доволно знаење или храброст да ви се спротивстават. Ќе се соочите со критиките од партнерот, не реагирајте бурно.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Кога станува збор за работата, ќе биде потребно малку да се водите и од својата интуиција. Во љубовта конечно ќе ја докажете вашата доминантност во врската. Одлично ќе се чувствувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не сте задоволни со ситуацијата на работа. Се додека ги обвинувате другите за својот неуспех, нема да бидете задоволни. Доста луѓе се обидуваат да влијаат на вас, не го дозволувајте тоа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во изминатиот период многу вредно работевте. Време е малку да одморите и да не се грижите за обврските, едноставно препуштете им ги на колегите. Можно е непромислено да влетате во некоја авантура, но доколку сте во брак не си го дозволувајте тоа.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе ви биде укажана шанса своите идеи да ги спроведете во дела. Вашата врска би можела да прерасне во нешто поважно и поголемо. Уживајте во хармонијата со партнерот.