868
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека според записникот што го добил доцна синоќа за прославата во Македонскиот народен театар на која присуствуваше навивачката група “Шверцери“ штетата која ја направиле симпатизерите на фудбалскиот клуб Шкупи е 3965 евра.
Заев рече дека штетата ќе биде надоместена, а верува дека ќе има и поединечни одговорности во тој случај.
