Пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ е лицето кој вчера ја нападнал и претепал сопругата, и тој е пријавен во полицијата во Ѓорче Петрова, објави „Република“.
Утрово од МВР за „Република“ велат дека расправијата меѓу сопружниците започнала, бидејки Ацевски сакал на сопругата да и ги земе децата.
“На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот“, стои во информацијата од МВР.