Зденка Вучковиќ – Жуниќ, вели дека никогаш нема да и прости на сестра и Северина што се омажила за синот на српскиот пејач Кеба, Игор Којиќ. Таа очигледно сè уште не може да се помири со фактот дека Севе не избрала Хрват за сопруг, па затоа со своите изјави продолжува да ја разгорува антисрпската хистерија.
„Србите водеа војна против Хрватите! И Северина очигледно заборави дека е Хрватка, а тоа не се простува“! – ќе изјави таа.
Севе се обидела да се помири со Зденка, па затоа и ја поканила на свадбата со Игор во 2015 година.
„Не бевме на свадбата на Северина во Белград, како ниту на онаа во Истра“ – рекла Зденка и ја повикала својата сестра да се освести затоа што со тек на времето „ќе плаче како што плачеше Вуковар“.
Од друга страна, другата сестра Маријана нема никаква замерка за изборите на Северина и тие двете останале блиски цело време. Маријана исто така живее во Белград и исто така не контактира со Зденка.
Тие се обиделе да се смират во 2015 година, но таа одбила, потсетувајќи се на она што им го рекла нивната баба кога биле деца: „Не им верувај на Србите кога ти носат слатки дарови.“
Северина никогаш јавно не го коментира односот со нејзиното семејство.