Овен (21.03 – 20.04)
Имате впечаток како да ги решавате проблемите на сите. Емотивно сте неодлучни, може да се случи некое лице да ве измами. Викендов е вистински момент е малку да одморите од случувањата.
Бик (21.04 – 21.05)
Иако ви се чини дека понудата за работа е лоша за вас, ви се советува да ја прифатите. Викендов избегнувајте расправии со партнерот, особено кога станува збор за трошоците. Слободните лица можеби ќе сретнат некоја нова љубов.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Интуицијата ви е добра и викендов ќе успеете да направите нешто што посакувате. Бидејќи сакате самостојна работа прифатете некоја работа која можете да ја обавувате во својот дом. Заработката и понатака ви доаѓа преку партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Не се ангажирате доволно во работите кои ги обавувате. Малку сте расположени за кавги.Викендов воздржете се и покажете ги своите емоции, па можете да имате бројни препораки во емотивниот живот. Последиците можат да донесат непромислени одлуки.
Лав (23.07 – 22.08)
Неодлучни сте, а од вас се очекува многу повеќе. Не сте подготвени на ризици. Со лицето кое ви се допаѓа можете да дојдете до судир бидејќи секој на прво место си ги става своите амбиции. Викендов внесувајте повеќе разновидна храна.
Девица (23.08 – 22.09)
Неодлучни сте како да се поставите во деловното опкружување, особено со директните и енергични лица. Романтични сте и заљубени. Викендов можете да очекувате интересна средба на некое патување.
Вага (23.09 – 22.10)
Вплеткани сте во различни деловни ситуации, а сега на некој начин барате излез. Една личност има големо влијание на одлуките кои ги донесувате. Викендов внимавајте да не бидете искористени.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не оставате доволно убедлив впечаток на колегите и соработниците. Во љубовта нема причина да го прикривате вашето нерасположение пред саканото лице. Викендов кажете му се искрено.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Немојте да бидете премногу наметливи, пуштете ги и другите лица да се искажат. Викендов во љубовта избегнувајте го ривалскиот однос со партнерот. Така ништо нема да добиете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Тешки сте за соработка и прилично сте затворени. Паричната ситуација не се поправа и поради тоа го покажувате вашето незадоволство. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост, особено во односот со партнерот. Викенов можна е забоболка.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов чувајте се од превртливи луѓе. Би било добро да не полимизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон некое лице кое ве иритира. Можна е авантура со некој Рак. Не претерувајте со слатките.
Риби (20.02 – 20.03)
Лошата концентрација може да ве доведе до крупни грешки. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирните води на љубовта. Викендов постои можност да се појави некоја личност од минатото.