Корејската поп-ѕвезда Гоо Хара (28) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сеул, само две недели откако ја започнала турнејата која требало да биде нејзино големо враќање на музичката сцена. Мртвото тело на Хара било пронајдено во нејзината куќа околу 6 часот наутро по локално време. Само неколку дена порано, таа одржала концерт во Јапонија, каде имала и петдневна турнеја и промоција на нејзиниот нов соло албум.
Ѕвездата, која има повече од 1,5 милиони фанови само на Инстаграм, и предходно се има обидено да си го одземе животот, кога нејзиниот менаџер ја пронашол онесвестена. Тогаш таа објавила проштална порака до своит фанови на инстаграм, но подоцна се извини за време на лекувањето во болница.
Откако бендот во кој членувала од 2007 година се распаднал, Гоо Хара во 2015 го извадила својот прв соло ЕП „Alohara“ (Can You Feel It?).
Хара била блиска пријателка со Сули, 25-годишната пејачка која неодамна беше пронајдена мртва на подот од својот стан. Во еден момент од кариерата, двете членуваа во ист бенд. Гоо Хара пред само неколку дена го имала својот последен концерт, а од вчера фановите ѝ оддаваат почит на социјалните мрежи.
Во декември 2017 година, Ким Јонг-Хјун (27) од групата Шини, исто така се самоуби, откако се бореше со депресијата.
„Јас сум скршен внатре. Депресијата полека ме изеде и конечно ме проголта целиот, и тоа повеќе не можам да го издржам“, напишал тој во прошталната порака.