Кошмар доживеа семејството на фудбалерот на англискиот премиерлигаш Лестер, Демарај Греј (23) кога пред неколку месеци четворица мажи упаднале во неговата куќа. Надзорните камери ги снимиле разбојниците, а денеска конечно започна судењето во кое девојката на Греј ги откри деталите.
Во моментот на грабежот, Ема Хикман (22) била во куќата. Таа лежела гола на креветот со нивниот син, стар само шест недели, додека Демарај бил на пат.
Маскираните напаѓачи носеле со себе мачети, чекани и ножеви, а деталите Ема ги раскажала во бирмингемската полиција, пренесуваат англиските медиуми. Провалниците на главите носеле фантомки за да го сокријат својот идентитет, а на крајот успеале да побегнат со 24.000 фунти (околу 28.000 евра) и многу накит.
– Спиев кога некој влета во мојата соба. Сите беа вооружени, еден имаше дури и портокалов нож што личеше на меч и сфатив што се случува. Бев гола и останав под покривачот кога ги видов. Ми рекоа дека нема да ме повредат. Само сакаа пари – тврди девојката на Греј.
Ема се обидела да се заштити велејќи им дека нејзната мајка живее спроти нивната куќа, но напаѓачите ладнокрвно ѝ одговориле дека мајка ѝ ќе “настрада“ доколку дојде.
Полицијата ги пронајде осомничените лица, а меѓу нив е Арон Џонс (28), кој го пребаруваше „Демараи Греј Лестер Сити“ на Интернет, само три дена пред грабежот.