27-годишната Тили Бјукенен од Јута е обвинета за „недолично однесување пред дете“ откако во својот дом се прошетала со голи гради пред децата на сопругот. Имено, Таа и нејзиниот маж, татко на децата, ги соблекле маиците за да не се извалкаат, додека ја средувале гаражата.
Доколку биде осудена, ѝ се заканува затворска казна од една година, а нејзиното име ќе биде запишано во регистарот со сексуални престапници.
Дејвид Лејн, адвокат на Тили Бјукенен бара отфрлање на обвинението. Според него, Бјунекен со сопругот работела во гаражата, па откако се измачкале со гипс, и двајцата ги соблекле маичките и продолжиле да работат.
Кога неговите деца на возраст од 9, 10 и 13 години ја виделе маќеата со голи гради, им објаснила дека е феминистка и може да работи со гол труп како и нивниот татко. Полицијата дознаа за „инцидентот“ кога ги испрашувала децата поради нешто друго, а мајката целиот случај го пријавила и го опишала како „вознемирувачки“.
„Само затоа што е жена, фактот што го открила горниот дел од телото е окарактеризиран како перверзно однесување и порнографија, додека голото торзо на сопругот се смета за симбол на сила и гордост“, образложи адвокатот на Бјунекен.
Нејзиниот сопруг не бил обвинет.
– Тоа се случи во приватноста на мојот дом. Мојот сопруг беше покрај мене, гол на истиот начин како и јас, а него не го обвинија, наведува таа.