ЈА ПРЕКИНАЛЕ СТРУЈАТА И УКРАЛЕ НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА: Ограбен познат историски музеј во Германија (ФОТО)

by Тони Зографски

Рано утрово крадци упаднале во музејот во Дрезден и украле колекција вредна речиси една милијарда евра, објави германскиот весник „Билд“.

Наводно дошло до прекин на електричната енергија, што значи дека се работи за саботажа.

Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност на старт е проценета на речиси една милијарда евра.

Кражбата се случила во историскиот музеј „Зелен трезор“ во Дрезден, кој иначе содржи најголема колекција на наследства од сите музеи во Европа.

Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која засега не дава никакви информации.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com