13-годишно девојче е меѓу петте уапсени тинејџери кој учествувале во масовната тепачка во едно кино во Бирмингам.
Седумина полицајци се повреди во тепачка која се случила во саботата вечерта а во која учествувале стотина луѓе. Полицијата одзела две мачети и нож, а уапсила и двајца 14-годишници и еден 19-годишник поради напад на полицијата. Сите полицијци се здобиле со полесни повреди,
Како што изјавил еден од полицајците, за да се смири “разулавената“ маса морале да употребат и електро-шокери.
Полицијата побара помош од јавноста, односно, да се јави секој кој на снимката ќе препознае некои од учесниците во тепачката.