ПЕНДАРОВСКИ: Да не бев претседател и јас ќе се иселев од Македонија

by Тони Зографски

Претседателот Стево Пендаровски на Форумот за млади лидери во во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.

-Шансата да се задржат младите во регионот е доколку Западен Балкан почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ. Младите имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја – рече тој, илустрирајќи ја ситуацијата во Македонија, но и во регионот.

останати вести