Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот, вака изгледа двегодишното детенце кое беше тепано од дадилка.
Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.
„Вака изгледа Дарио по ќотекот од дадилката! Оваа вештерка ја шеташе тројката низ Аеродром секој ден! Се моли секој кој имал прилика да ја види како ги тепа децава да остави контакт во порака. Вакво зло не смее да се повтори!“, напиша мајката на Фејсбук.
Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на близначињата.
По пријава МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.
Инаку, случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.