Кривичен суд за ТВ21 демантира дека за дадилката која го тепаше детето е изречена било каква мерка бидејќи таа воопшто не била процесуирана кај нив.
Јавноста е згрозена откако се појави видео снимка на која се гледа како жена, која е ангажирана да чува деца како негувателка, тепа мало дете. Настанот се случил вчера во игротека во кафе барот „Дежа ву“.
Дадилката беше приведена вчера попладне во ПС Аеродром.
Инаку, пред три години, на социјалните медиуми беше објавено видео како дадилка тепа и малтретира бебе, во домот на родителите на бебето. Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече казна затвор од една година и два месеца против Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривично дело „Запуштање и малтретирање на дете“.