Италијанскиот голман, Матео Волтолини, кој ги брани боите на третолигашот а Реџијана, е суспендиран од својот клуб на една недела, бидејќи во јавноста излезе видео материјал од неговиот секс со неговата девојка Џесика во тоалет во ноќен клуб.
23-годишниот Волтолини е тајно сниман во тоалетот на позната дискотека во Реџо Емилиа, а видеото е веднаш пуштено на интернет .Видеото кое трае околу 15 секунди пристигна и на неговиот мобилен телефон, а клубот потоа го отстрани од тимот, иако не погреши според правилникот.
Потоа се огласи и Обвинителството кое ќе се обиде да го најде авторот на видеото, а доколку се најде, ќе се соочи со казна затвор од шест години (како и 15.000 евра) за снимање и дистрибуција на експлицитен материјал без знаење и согласност на учесниците во делото.