27-годишната Анѓела од Белград за српските медиуми проговори како изгледа животот на една, како што често се нарекуваат, спонзоруша „со кариера“ во Србија. Анѓела уште на 18 години почнала со естетски операции, а до сега ги зголемила градите – три пати, го оперирала носот, ги зголемила усните, ставила вештачки заби и ги тетовирала веѓите.
-Повеќето сметаат дека сум спонзоруша, а мене тоа не ми пречи ако сакаат да ги доживуваат нештата на тој начин. Во суштина, јас само имав среќа да завршам со богати мажи кои сакаат токму вакви жени. Убавината чини пари, исто и нејзиното одржување, а тие имаат пари да ми го платат тоа, вели Анѓела и додава дека од своите врснички се разликува само по тоа што има многу богат партнер.
-Живеам живот како и секоја друга девојка во овој град, освен што можеби можам себеси да си дозволам нешто повеќе. Често излегувам на скапи места, главно ручам и вечерам по ресторани, одам во шопинг, завршив факултет, имам пријателки, семејство, па дури и некои проблеми, вели таа.
Како изгледа еден нејзино вообичаен ден?
-Наутро појадувам и пијам кафе со момчето, а додека тој си ги завршува своите обврски, јас си ги завршувам моите – одам во теретана, на педикир и маникир, во солариум, или на фризер. Ќе се напијам кафе со пријателките, ќе го прошетам нашето куче, ќе купам некои дребулии, им помагам на родителите ако им треба нешто. Активно сум посветена на грижата за себе. За викенд најчесто излегувам по клубови или сплавови, а често одам и на пократки парувања со момчето, раскажува таа.
Анѓела вели дека своето прво богато момче го имала на 17 години. Тој од неа бил постар 20 години. Тврдид ека тој ја научил како треба да биде третирана една жена, дека и овозможил пари за првите пластични операции, му помогнал на нејзиното семејство и редовно ја финансирал и и купувал се што ќе посака.
Вели дека по врската со него не и паднало ни на крај памет да биде со некој кој нема големи приходи и дека уште тогаш се движела во круг каде лесно се запознаваат богати мажи. Искрено признава дека била и со женети и со верени и дека нивниот статус не и е особено битен се додека и даваат пари и и посветуваат време.
-Се случувало да бидам и со некој кој нема пари, ама тоа само онака, поради забава. Во сериозни врски секогаш сум била со зрели и остварени мажи кои ќе ми пружат живот каков што сакам и заслужувам. Сакам скапа гардероба и лесен живот и не гледам ништо погрешно во тоа. Лесно е да се вљубиш во маж кој те третира како кралица, сеедно како изгледа и дали е постар, вели таа.
Со сегашното момче е две години, тој и купил автомобил, а разговараат и за тоа да и купи стан. И од претходниот дечко добила автомобил што му го подарила на брат и. Добивала и други скапи подароци – бунди, накит, пари…
Не работи оти со момчето дошле до заклучок оти тоа не е добра идеја.
-Кога работев, секогаш бев изморена и несреќна. Не ми требаа пари и немав време за него. Тој сака секогаш да му бидам на располагање кога има време па обајцата сфативме дека е подобро да не работам, признава таа.
-Искрено, јас веќе имам прилично заштедено, па и да останам сама на некој начин сум згрижена. Исто така верувам дека секогаш ќе можам да си најдам момче – убава сум и знам многу луѓе. Досега не ми се случило да сум сама подолго од еден месец. За сега се надевам дека ќе се омажам за сегашниот дечко, среќни сме заедно, раскажува за српскиот портал Жена.