Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Поволен период за склопување на ново деловно партнерство ако такво нешто имавте во план.
ЉУБОВ: Нова љубов се раѓа и можно е со партнерот да се движите со посериозни чекори.
ЗДРАВЈЕ: Можен пад на енергијата поради низок притисок.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ве очекуваат позитивни деловни промени кои би можеле многу да ви одговараат, настапува навистина поволен период за вас.
ЉУБОВ: На полето за љубов ќе имате бројни интересни случувања и прилики за уживање.
ЗДРАВЈЕ: Доаѓа период на закрепнување, бидете без грижи, ќе се реши проблемот кој ве измачувал.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Можно е дека ќе имате потреба да ја пробате среќата кога станува збор за деловното поле. А среќата ќе биде на ваша страна.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација е одлична, цврста, стабилна, со партнерот ќе доживеете прекрасни моменти.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за органите за вид и слух.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Пред вас е многу добар период за покренување на сопствен бизнис и нов почеток на деловен план.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта имате чувство дека блискоста меѓу вас и партнерот никогаш не била поголема.
ЗДРАВЈЕ: Без проблеми и тешкотии.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Ќе се ослободите од товарот од минатото и сега ќе чекорите во нови деловни победи.
ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува максимално спојување со саканото лице и уживање во убавите моменти.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Вашето поле за финансии би требало многу значително да се подобри во текот на оваа недела.
ЉУБОВ: Можете да очекувате генерално стабилна атмосфера кога станува збор за љубовта.
ЗДРАВЈЕ: Чувајте ги белите дробови.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Нема да и бидете претерано посветени на работата, некако нема да имате доволно енергија за неа.
ЉУБОВ: Љубовното поле дефинитивно ви е приоритет и ќе дадете се од себе да го задржите партнерот покрај вас.
ЗДРАВЈЕ: Можен висок притисок.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Можете да се надевате на период во кој нема да имате преголем број на деловни обврски.
ЉУБОВ: На полето за љубов ќе ви се случат некои нови познанства, а една личност фатално ќе ве привлече.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со варењето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Ќе успеете да дефинирате кој ви е пријател, а кој противник кога станува збор за работата, а тоа многу ќе ви помогне.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација нема премногу да се менува, нема некои нагли промени оваа недела или пак неочекувани случувања.
ЗДРАВЈЕ: Без нагласени проблеми, добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Доколку сте очекувале деловно напредување можете да се надевате на многу позитивни вести сега.
ЉУБОВ: Љубовта во моментов ви е на второ место бидејќи целата енергија ви е насочена кон работата.
ЗДРАВЈЕ: Полека ќе закрепнувате од проблемите кои ги имавте во изминатиот период.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Доколку на било кој начин соработувате со странство можете да очекувате голем успех.
ЉУБОВ: Во љубовта ќе бидете задоволни се додека партнерот не ве ограничи и додека ви дава доволно слобода.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со холестеролот, жолчката или црниот дроб.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Ситуацијата е многу добра на деловниот план, пред се поради тоа што финансиите ви се сосема стабилни.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да очекувате некои тајни случувања, скриени од погледите на јавноста.
ЗДРАВЈЕ: На ова поле ве очекува период на регенерација.