Северина во интервју за српскиот портал „Новости“ открила дека минатата година дознала кој го објавил нејзиното видео во јавноста и дека тоа се случило поради злобата на една личност. Во периодот кога доживеала вистински јавен срам, еден од ретките кој ѝ пружил вистинска поддршка бил покојниот Арсен Дедиќ.
Инаку, аферата со домашното видео на Северина се случи во 2004 година, а прв медиум кој го објави беше хрватскиот портал Индекс со насловот „Луѓе, имаме порно со Северина“. Подоцна Индекс ѝ исплатија на пејачката 200.000 евра отштета и објавија извинување во пет дневни весници. На судењето и во процесот на докажување како видеото стигнало до јавноста, снимката била уште неколкупати пуштана во судница, а дури и се водел записник. Цели 14 години подоцна, пејачката дознала кој всушност, го украл нејзиното видео и на кој начин, но остава законот да го реши тоа.
Во првото интервју по скандалот, Северина изјавила:
„Тоа е приватна снимка, не би зборувала како излегла во јавност, со тоа би го отежнала судскиот процес“, за емисијата „Вечер со Јошко Локас“, што било и прво нејзино јавно појавување по протекувањето на снимката.