Чистачка од Србија и нејзиниот невработен син заработиле над 1,9 милион евра работејќи хонорарно како преведувачи на австриската полиција на ромски јазик, објавија тамошните медиуми. Мајката и синот неодамна беа процесуирани.
Бидејќи Виена со текот на времето бележи зголемување на криминалните дела извршени од луѓе од нашите предели, австриската полиција имала голем проблем со превод на снимени телефонски разговори и сослушувања, што честопати доведувало до недоразбирања и, подоцна, до ослободителна или поблага пресуда. Тие морале брзо да договорат преведувач, па ја ангажирале Весна Д. (53), чистачка од Србија, затоа што ги разбирала и српскиот и ромскиот јазик.
И така во 2006 година чистачката во полиција станала добро платен преведувач. Годишната плата ѝ изнесувала околу 100.000 евра. Србинката до 2016 година заработила 1.163.397 евра – повеќе од просечна плата во Австрија. Весна, во 2010 година, својот невработе син 36-годишниот Драган го вовела во работата, па и тој почнал добро да заработува – за 6 години земал 740.176 евра.
Но, се случил проблем. Преведувачите имаат проблем со зборот „данок“, Двајцата никогаш не плаќале данок на доход и промет. Вкупната штета од 741.000 евра во средата им била наплатена на двајцата.
Австриската јавност чека исход од новите процеси за уште 20 преведувачи слични на Весна и Драган кои во моментов се под истрага. И нив полицијата ги ангажирала под ист принцип – затоа што им биле колеги и веднаш достапни за хонорарна работа.