Родители донеле мртво новороденче во болницата во Битола

by Тони Зографски

Мртво новороденче било донесено од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од Битолската полиција.

Вчера од болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство, пишува Апла.мк.

Бебето било донесено од родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција.

Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

останати вести