Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во вечерашната емисија на Канал 5 телевизија откри дека додека бил советник во СЈО, а откако Катица Јанева јавно почнала да се дружи со Боки, во една прилика и рекол што бара со него. Таа му одговрила дека ништо не му фалело, вели Калајџиев.
-Не доликува, тоа се фигури коишто мора да имаат интегритет, не може да купувате политичари со торби Луј Витон и судии, – вели Калајџиев.
Професорот рече дека случајот Рекет очигледно не се расплеткува, за да не се дорасплетка клопчето.