Пејачката Мон Лаферт (36) пристигна на церемонијата во Лас Вегас во палто што го соблече и ја откри политичката порака напишана на голите гради. „Во Чиле се измачувани, силувани и убивани“, напишала таа на шпански јазик.
Протестниот бран во јужноамериканската земја трае скоро еден месец, при што демонстрантите бараат социјални реформи и промена на уставот. Најмалку 20 лица загинаа во големи немири, а повеќе од 1.000 демонстранти беа уапсени.
Според извештаите на Франс Прес, Националниот институт за човекови права објави дека 197 лица се здобиле со повреди на очите од почетокот на протестите на 18 октомври, а некои биле трајно ослепени од полициската употреба на гумени куршуми и пукање со солзавец.
Лаферт, која има повеќе од 2,6 милиони обожаватели на Инстаграм, подоцна доби награда „Греми“ за најдобар алтернативен музички албум, а сепак таа носеше палто додека ја примаше наградата што му ја посвети на Чиле.