Луиза Чиконе (61), попозната по уметничкото име Мадона, одлучи по еден концерт да се опушти на начин на кој тоа го прават професионалните спортисти – во када полна мраз.
Пејачката видеото од малиот ритуал го објавила на Инстаграм со опис „Ќе го започнеме ли предизвикот во ледената купка“, а потоа покажа како се опоравува од неколку часа играње и пеење. Ги видовме нејзините модринки, уморот, одличното расположение, но уште нешто.
Имено, по релаксирањето во ледената купка, Мадона пие од шолја со жолта течност и вели:
– Добро е да се напиете урина откако ќе излезете од ледената купка.
https://www.instagram.com/tv/B4_ABoOhIBC/?utm_source=ig_web_button_share_sheet