Советот на Општина Карпош го прогласи глумецот Никола Ристановски за заслужен граѓанин на Општината за 2019 година.
„Никола Ристановски – македонски театарски, филмски, телевизиски актер, заслужен граѓанин на Општина Карпош! Чест и задоволство е што Ве имаме за карпошанин сограѓанин“, напиша градоначалникот Стефан Богоев на својот Фејсбук профил
50-годишниот Никола Ристановски е препознатлив по улогите во : „Буре барут“, „Господа Глембаеви“, „Збогум на 20. век“, „Балканот не е мртов“, „До балчек“, „Сенки над Балканот“ и други. Тој е еден од најпопуларните македонски актер и е добитник е на голем број престижни награди.