Таткото на славните манекенки Бела и Џиџи Хадид, градежниот тајкун Мухамед Хадид, со наредба на судот, мора да ја урне вилата во Бел Ер, но за тоа нема пари. Тој банкротирал, а за да ја урне џиновската вила потребни му се 5 милиони долари.
-Мухамед нема пари за тоа – изјавил неговиот адвокат Брус Рудман.
Таткото на манекенките не мора веднаш да ги искешира тие пари, но тој нема пола милион долари колку што изнесува првата рата за уривање на вилата,
Но, Ариел Џумен кој ги застапува комшиите кој поднесоа барање за уривање на недвижнината не им верува на адвокатите на Мумамед.
-Има пари да изгради, а нема прва рата за уривање. Не веруваме во тоа – велу Ариел.
Инаку, Мухамед Хадид кој е “тежок“ 400 милион долари, ширум светот има изградено повеќе луксузни хотели и вили, а оваа која треба да се урне чини 60 милиони долари,