Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која последниве години доби прекар “штедливата војвотка“ поради тоа што повеќе пати беше фотографирана во иста облека, сега докажа дека е навистина економична во трошењето државни пари. И додека Меган Маркл и принцот Хари британската јавност ги осуди поради летањето со приватни авиони, Кејт на својот последен службен пат замина со јавен превоз, односно, со воз.
Војвотката е снимена како излегува од возот на железничката станица во Норфилк каде присуствуваше на отварање на една детска болница.
Кејт која била облечена во впечатлив виолетов комплет со потпис на модната куќа Оскар де ла Рента, освен што заштеди на превозот, таа повторно беше во фустан која и порано го носела во јавноста.