Репрезентацијата на Малта синоќа загуби од Шпанија со 0-7 во квалификациите за Европското првенство, средба која посебно по лошо ќе ја памети гостинскиот селектор кој имаше и една незгода на клупата.
При резултат 5:0, нервозниот Рејмонд Фаруџа несакајќи се удри во конструкцијата на клупата за резерви, но ударот беше до толку силен, што стручњакот си ја дупна главата. Лекарскиот тим неколку минути се справуваше со неговата расекотина на главата.
– Си ја забив главата во горниот дел и морав да седам. Од последните 20 минути од мечот, не се сеќавам речиси на ништо, – изјави конфузниот Фаруџа по завршување на мечот.