Една од најпопуларните серии „Сексот и градот“ престана да се емитува пред 15 години, но и ден денес се зборува за анегдотите за Кери, Семаната, Шарлот и Миранда.
Актерката Кристин Дејвис (54) во серијата ја имаше улогата на Шарлот, а сега во шоуто “Watch What Happens Live” откри која сцена и била најужасна за снимање.
Станува збор за епизодата „Дали сме ку*ви? која се емитуваше пред 19 години, а во која Шарлот мора да глуми сцена со секс со непознат маж.
„Тоа беше сцената кога бев во кревет со маж кој во лице ми викаше:Ку*рво. Навистина ми беше гадно, ја мразам таа сцена“ објасни Кристин чиј филм „Holiday in the wild“ се емитува на Нетфликс.
Актерката потоа на својата колешка Сара Џесика Паркер и постави прашање за тоа кој и бил подраг – Ѕверката или Ејдан, на што таа одговори дека Ејдан бил прекрасен, но Ѕверката сепак бил суден.