Една од најзгодните тенисерки Доминика Цибулкова (30) одлучи да се повлече од префесионалниот тенис.
„Денес, со помешани чувства, сакам да споделам со вас посебна вест. Како што знаете неколку месеци веќе не сум играла на ниеден турнир. Тоа што започна од повреда на Ахиловата тетива се претвори во еден од најтешките периоди од мојот живот – одлучување што да правам со тениска кариера “, напиша Цибулкова.
„После многу размислување, разговори и поддршка од семејството и пријателите, решив повеќе да не се враќам на теренот како натпреварувачка“, додаде Цибулкова.
Инаки, Цибулкова стигна до 21 финале во текот на кариерата и освои осум титули во ВТА, со најдобар пласман во март 2017 година кога беше четврта тенисерка на светот. Словакињата играше полуфинале на Ролан Гарос во 2009 година, стигна до четвртфиналето на Вимблдон четири пати, исто така играше и осмина финале на УС Опен 2010, а во 2016 година победи на завршниот ВТА турнир.
Доминика Цибулкова важеше за една од најсексапилните тенисери во светот.
https://www.instagram.com/p/B2B0y1eIjSx/?utm_source=ig_web_button_share_sheet