На прв поглед ведар и насмеан, никој не би можел да заклучи дека Санди Миличевиќ (46) од Загреб живее без 2/3 желудник, слезина, панкреас, дванаесетпалечно црево, жолчка, дел од џигерот и дел од тенкото црево. Битката за здравје овој инженер по електротехника ја почнал во 2014-та година, а како што вели тој причина за сето тоа биле лошите навики на исхрана и стресот.
„Почна во 2014-та година со силен панкреатитис. Тоа се повторуваше до 2017-та година кога на крајот се разви во канцер“ – ја започнува својата приказна Санди.
Иако со недели не се чувствувал добро, Санди повикал брза помош дури кога болките и мачнините станале неиздржливи.
„Лошата состојба траеше неколку недели, но нагло се влоши за еден ден кога вечерта завршив на болница. Чувствував страшна болка во пределот на панкреасот која се движеше кон грбот, мачнини и невидено повраќање при внес на било каква намирница во мојот организам“.
Дека има карцином дознал по три години од првата посета на доктор. Иако станува збор за еден од најагресивните видови панкреас, за Санди таа вест била причина за да се бори посилно од кога и да е.
„Со оглед на тоа што три години пред самата дијагноза во просек по два пати годишно се лечев во болница по неколку недели, некако бев навикнат на присутноста на болеста. Никогаш не се посомневав на победа“ – рекол Санди па додал:
„Кога болеста почна да се повлекува, се вратив на старото темпо на работа и стрес и по два месеци панкреатитисот повторно се врати. Тогаш докторите одлучија оперативно да ми вградат стендови или пак да стават вештачки цевчиња. Сепак кога ме отворија, видоа дека органите се речиси атрофирани и поради евентуални метастази одлучија да го отстранат панкреасот и сите органи кои се наоѓаат околу него. Подоцна цитопатологијата покажа дека во ниту еден од отстранетите органи немало трага на ќелии на рак“.
Поради тешката ситуација во која се наоѓал, Санди од 102 килограми колку што имал пред операцијата изгубил 46 килограми преку ноќ. Во еден момент докторите му препорачале да јаде само три видови храна, овесна каша, пире од цвекло и пире од морков. Дури и секојдневните активности, како што е одењето во тоалет за него претставувале вистински напор.
Иако закрепнувањето било долго и исцрпувачко, денес Санди живее среќен и нормален живот без неколку органи, меѓу кои и панкреасот. Сепак тој секојдневно користи терапија за да му помогне на организмот да функционира нормално.
„Сите органи во телото имаат одредена функција, тоа е точно. Меѓутоа, инсулинот кој одамна е на пазарот им овоможува на луѓето на релативната регулација на нивото на шеќерот во крвта, а во поново време има и ензими за панкреасот кои се состојат од три делови кои се важни за варењето на храната. Всушност терапијата се состои од консумирање инсулин и одредена количина ензим и тоа е сè“.
извор: Индекс.хр