Една комичарка успеала да ги згрози членовите на жирито на германскиот Суперталент кога ги соблекла гаќите на сцената и потоа “изела” неколку колбаси со својот задник.
Жирито и публиката не можеле да веруваат кога Даки Лоринџ ги соблекла панталоните и ѓаките, а потоа го покажала грбот и задникот на кој било нацртана кучешка глава.
Во текот на точката, таа седнала на подот и со задникот свртен кон жирито се движела по сцената, а потоа “изела” и неколку колбаси.
Членовите на жирито биле толку згрозени што го одвраќале погледот и ја покривале својата уста во неверување.