“Ми фали Груевски како глумец, ама не го биваше ич“, откри Драган Спасов- Дац за поранешниот премиер Никола Груевски во третата епизода на „Еден на Еден“ од “Сезона 11“ откако Жаре го потсети дека се нашле заедно на иста сцена, во Драмски театар, во култната претстава „Грев или шприцер“.
Александар Митевски пак раскажа дека кариерата ја започнал како рапер, со својот „ОК бенд“, кога бил тинејџер.
Третата епизода на „Еден на Еден“ е во недела, на Канал 5, во 18.30.