Естрадниот магазин „Бекстејџ“ објави дека музичарот Никола Јанков – Коки се разведува и од неговата втора сопруга, скопската адвокатка Маја Парговска. Според нивните информации, бракоразводната постапка била во тек.
Инаку, Коки од првата сопруга, портпаролката на АМСМ Росана Петревска со која имаат ќерка, се разведе лани по десет години брак. Неколку месеци подоцна се регистрираше со адвокатката Маја, со која, претходно бил во четиригодишна врска пред врската со Росана.